Барселона официјално потврди дека следното домашно коло во Ла Лига против Хетафе, кое ќе се одигра во недела, повторно ќе се игра на стадионот „Јохан Кројф“ во клупската база. Токму таму беше одигран и мечот со Валенсија изминатиот викенд.
Од клубот нагласуваат дека продолжуваат интензивно да работат на обезбедување на сите неопходни административни дозволи за што поскоро враќање на „Спотифај Камп Ноу“.
Проблемите околу „Камп Ноу“ продолжуваат, а во клубот дури размислуваат и за можноста целосно да се вратат на „Монжуик“.
Сепак, надежите на раководството се поврзани со враќање на сопствениот стадион на 28 септември во дуелот против Реал Сосиедад. Тоа е поставената цел, бидејќи овој меч ќе им овозможи на експертите на УЕФА да го проценат стадионот со одигрување на барем еден натпревар пред да дадат евентуална дозвола каталонците да бидат домаќини во Лигата на шампионите.
Првиот домашен меч во ЛШ за Барса е закажан на 1 октомври против Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













