
Барселона му даде ултиматум на Осман Дембеле во наредните 48 часа да одлучи за својата иднина. Договорот на Дембеле истекува на лето, а челниците на Барселона сакаат што побрзо да откријат дали има шанси тој да остане во клубот или треба да планираат да доведат нов играч кој ќе го замени.
Дембеле побара неверојатни 200 милиони евра за да го продолжи договорот за уште пет сезони и дополнителни 40 милиони евра за него и за неговиот потпис за да донесе одлука да остане на „Камп Ноу“.
Сепак, тоа е неприфатливо за каталонскиот гигант, посебно во овој период на финансиска криза.
Французинот преговара и со Пари Сен Жермен, а има понуда и од Њукасл.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal