Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо стана нов играч на Барселона во еден од најочекуваните трансфери ова лето. Поранешниот играч на Динамо Загреб и Лајпциг потпиша договор со каталонскиот клуб до 2030 година.
Лајпциг доби 55 милиони евра и бонуси од 7 милиони евра, а во договорот на Олмо е вклучена откупна клаузула од 500 милиони евра.
Олмо изјави дека му се исполнил сонот да се врати во Барселона и дека е подготвен да се бори за сите можни титули со тимот. Меѓутоа, неговото деби за Барса ќе зависи од тоа дали клубот ќе успее да ги финализира трансферите на Клемњн Лангле и Витор Роке, со цел да се ослободат средства за регистрација на Олмо.
Ако Барселона успее тоа да го реализира до вечерва до 18 часот, еден час пред почетокот на мечот против Атлетик Билбао, тогаш Дани Олмо би можел да дебитира.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













