
Ла Лига конечно ја потврди регистрацијата на Дани Олмо од Барселона, што значи дека тој сега може да игра за тимот. Веста ја објавија неколку медиуми во Шпанија.
Целиот процес се одложи поради тоа што клубот немаше доволно слободни средства во буџетот за плати.
На крајот, денеска беа објавени излезни трансфери на Клемен Лангле (на позајмица во Атлетико Мадрид) и Витор Роке (на појзамица во Бетис) кои го олеснија процесот, но клучна се покажа повредата на Андреас Кристенсен.
Данскиот репрезентативец ќе биде надвор од терените околу два месеци, што според правилата на Ла Лига автоматски ја исклучува неговата плата од сметките.
Засега регистрацијата на Олмо е привремена – само до 31 декември, што значи дека потоа клубот ќе мора повторно да бара начин да го врати во списокот. Се очекува неговото деби да биде во натпреварот со Рајо Ваљекано утревечер.
Европскиот шампион беше доведен од Лајпциг за 55+7 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
