Connect with us

Барселона ќе му предложи нов договор на Серхи Роберто

Раководството на Барселона би можело да се премисли и да му понуди нов договор на капитенот Серхи Роберто на лето поради неговите добри игри од почетокот на сезоната, тврди шпанското издание „Релево“.


32-годишниот Роберто имаше многу повреди во последните сезони, но имаше неколку клучни настапи оваа сезона.

Актуелниот договор на Серхи Роберто со Барселона истекува на лето. Раководството на клубот не ја исклучува можноста да го задржи Серхи Роберто во составот и за следната година.

Самиот Роберто претпочита да остане во Барселона под исти услови и наскоро се очекува да има средба меѓу неговите агенти и раководството на Каталонците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови