
Барселона ќе може веднаш да смета на Војчех Шчесни во натпреварите од Лигата на шампионите, ако дојде до негов ангажман, пренесува „Марка“. Тој е пред враќање во фудбалот, откако на крајот на август донесе одлука да ја заврши својата кариера.
Барселона веќе одигра еден натпревар во Лигата на шампионите и загуби на гости против Монако со 1-2, а следниот натпревар го игра на 1 октомври против Јанг Бојс.
Сериозната повреда на Марк-Андре тер Штеген, сепак, го натера каталонскиот гигант да се сврти кон Шчесни, бидејќи моментно може да ангажира само слободни агенти.
За настапот во Лигата на шампионите, Барселона има регистрирано четворица голмани, но само двајца од нив се на таканаречениот „А“ список – Тер Штеген и Ињаки Пења.
Другите двајца се младинците Андер Астралага и Диего Кочен, кои се на „Б“ списокот.
Правилата на УЕФА предвидуваат дека еден клуб може веднаш да го замени голманот од „А“ списокот, ако не може да смета на него поради повреда.
Се очекува Тер Штеген да се опоравува најмалку осум месеци. Според „Спорт“, Шчесни ќе ги помине медицинските тестови во понеделник и ќе потпише договор до крајот на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
