Заврши сагата околу Дани Олмо и Барселона успеа да го регистрира. Шпанскиот играч за врска ќе биде успешно регистриран за продолжението на сезоната во Ла Лига.
Жоан Лапорта успеа да ги продаде ВИП ложите на „Камп Ноу“ за сума од 100 милиони евра, со што ја убеди Ла Лига да дозволи регистрација на Олмо и Пау Виктор во понеделник“, објави Марка.
Во следните 20 години, најелитните места на стадионот ќе бидат во сопственост на една катарска компанија, која за тоа ќе плати 100 милиони евра. Според каталонски „Спорт“, Барселона имала намера да го одложи овој договор до летото и да заработи 200 милиони евра, но поради неможноста да го регистрира Олмо, одлучила да го забрза процесот и да прифати помал износ.
Претседателот Лапорта ја испратил целата документација до Ла Лига и се надева дека претседателот на лигата, Хавиер Тебас, ќе ја одобри навреме.
Олмо пристигна во Барселона во август од Лајпциг за 55 милиони евра.
На почетокот, Барселона успеа да го регистрира Олмо за период од половина година, користејќи го фактот дека Андреас Кристенсен беше повреден. Сепак, сега кога данскиот дефанзивец се враќа, клубот мораше да ја регулира договорната ситуација со Олмо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













