
Реал Мадрид е фокусиран на трансферот на Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, но „кралевите“ сакаат уште еден играч за кој ќе мораат да се борат со големиот ривал, Барселона. Станува збор за играчот од средниот ред на Наполи и шпанската репрезентација, Фабијан Руиз.
Руиз би можел да се врати во Ла Лига по четири сезони, пренесуваат италијанските медиуми.
Се чини дека Барселона има „пол-позиција“ во трката ова лето, а Реал планира да го доведе Руиз во јуни 2023 година, кога истекува договорот на Шпанецот со Наполи.
Тренерот на Барселона, Чави, сака да го види Руиз што побрзо на „Камп Ноу“, за да има поконкурентен тим за следната сезона. Сепак, каталонскиот клуб ќе мора да плати најмалку 30 милиони евра отштета.
Руиз оваа сезона забележа 35 настапи и постигна седум гола со пет асистенции. Тој кариерата ја започна во Бетис, кратко играше како позајмен во Елче и од 2018 година е играч на Наполи.
За шпанската репрезентација собра 15 настапи и постигна еден гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
