Каталонскиот гигант Барселона се обидува да ја засили одбраната, а тренерот Чави има желба на „Камп Ноу“ да го доведе Калиду Кулибали, дефанзивецот на Наполи. Тој исто така не би имал против да се пресели во Ла Лига, но Наполи за него бара околу 60 милиони евра.
Барселона во моментот не е подготвена за таква зделка, но постои сериозна можност како дел од трансферот да биде вклучен Миралем Пјаниќ. Босанскиот играч за врска се враќа од позајмицата во Бешикташ, а Барселона бара начин како да се ослободи од него.
Наполи е заинтересиран да го врати во Серија А, а Барелона за него бара околу 40 милиони евра. Доколку се спои оваа приказна, тогаш и двата клуба би можеле добро да профитираат и да го добијат тоа што им е потребно во овој преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













