Connect with us

Барселона го врзува Педри до 2026 година

Барселона е подготвена да му понуди нов договор на младиот играч за врска Педри. Тој влегува во последната година од актуелната соработка, а Барселона планира да го задржи на „Камп Ноу“ до 2026 година.


18-годишниот фудбалер од средниот ред имаше неверојатна сезона во која одигра рекордни 73 натпревари. Тој беше дел од репрезентацијата на Шпанија на Европското првенство, а потоа настапи и на Олимписките Игри во Токио.


Педри веќе е на листата на желби на Пеп Гвардиола и на Џулијан Нагелсман, но затоа Барселона сака да го врзе на подолг период, а сигурно ќе стави и огромна откупна клаузула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови