Каталонскиот гигант Барселона во летниот преоден рок ќе се обиде да го ангажира фубалерот за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва. Португалецот и минатото лето размислуваше да ја промени средината, но, сепак, остана на „Итихад“.
Бернардо Силва оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Премиер – лигата, успеа да го убеди Пеп Гвардиола дека има многу поголемо влијание на играта на тимот од новото засилување Џек Грилиш кој многу почесто е на клупата за резерви.
Силва има договор со Сити до 2025 година и „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а за евентуален трансфер очекуваат понуда од најмалку 70 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













