
Финансиски проблематичната Барселона ќе заработува со продажба на разни предмети од стадионот „Камп Ноу“. Во моментов домот на шпанскиот шампион се реновира, поради што тимот на „Монжуик“ ги пречекува ривалите.
Каталонците најавија продажба на седиштата од „Камп Ноу“, како и други интересни предмети. Цените за редовно седиште започнуваат од 99 евра, а секој што бил носител на сезонски билет ќе има можност да го откупи сопственото место на кое седел низ годините.
За поспособните што можат да платат, ќе има и специјални дијаманти (0,50 карати) направени од јаглерод кој беше изваден од почвата на тревникот од последниот натпревар таму – против Мајорка на 28 мај 2023 година. Нивната цена започнува од 499 евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
