Барселона повторно воспоставила контакт со Маркус Рашфорд за можен трансфер на „Камп Ноу“. По пропаѓањето на трансферот на Нико Вилијамс и јасниот став на Ливерпул дека нема да се раздели со Луис Дијаз, раководството на каталонскиот клуб повторно го насочи вниманието кон крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед.
Рашфорд има договор со Јунајтед до 2028 година, но јасно е дека нема да настапува за „црвените ѓаволи“ додека тимот го предводи Рубен Аморим. Според информации од Островот, неколку клубови веќе испратиле официјални понуди за Рашфорд, а еден од нив сигурно е и Барселона.
Манчестер Јунајтед бара 40 милиони фунти за Рашфорд, додека Барселона би сакала да го доведе првично на позајмица со опција за целосен откуп следното лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













