
Жoao Феликс (23) летово замина на позајмица од Атлетико Мадрид во Барселона. Португалскиот напаѓач мораше да се согласи на значително намалување на платата за да игра за финансиски проблематичниот каталонски клуб. Во Атлетико и во Челси, кој го имаше на позајмица во првиот дел од минатата година, а потоа му ја презеде платата, тој наводно заработувал 289.000 евра неделно.
Во Барселона досега добиваше 7.700 евра неделно, потврди во октомври потпретседателот на Барселона, Едуард Ромеу.
„Вистина е, Жоао Феликс ја намали својата плата на 400.000 евра по сезона за да дојде. Тој вложи големи напори за да се приклучи на Барселона. Многу е убаво да се види таков потег на играч кој не беше на највисоко ниво во неговиот клуб. Но, тој досега беше фантастичен кај нас.“
Сега дојде до промена во оваа зделка, откако Барселона во меѓувреме подобро ги среди финансиите, а Феликс ќе заработува многу повеќе, поточно десет пати повеќе. Оваа информација на социјалните мрежи ја потврди и претседателот на шпанската Ла Лига, кој напиша дека Барселона ја „помножила таксата договорена меѓу Феликс и Барселона за 10, согласно финансискиот фер-плеј“.
Тоа значи дека Жоао Феликс сега зема годишна плата во висина од 4 милиони евра во Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
