
Пари Сен Жермен му нуди на Лео Меси двегодишен договор со опција истиот да биде продолжен за дополнителна сезона, пренесуваат шпанските медиуми. Освен тоа, парижаните сметаат дека личните услови што му ги нудат на напаѓачот се неспоредливи со оние што би можела Барса да ги понуди.
ОД ПСЖ укажуваат на фактот што минатата сезона стигнаа до финалето на Лигата на шампионите, а оваа година се повторно на праг на уште едно финале. Покрај тоа, францускиот клуб гo елиминираше актуелниoт шампион Баерн Минхен, па дури и самата Барселона на пат до полуфиналето, а таму вечерва ги очекува Манчестер Сити.
Од таборот на каталонците сè уште нема нови вести околку продолжувањето на договорот на Аргентинецот, бидејќи тие сè уште не знаат колку пари би можеле да му понудат за да остане на “Камп Ноу”. Познато, финансиите на клубот беа сериозно погодени од Ковид-19 пандемијата.
Договорот на Меси истекува на крајот на сезоната, но 33-годишниот фудбалер, во моментов е фокусиран само на преостанатите шест натпревари во Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal