Барселона денеска ја дозна најлошата можна вест, Гави ја доживеа најтешката можна повреда и ќе отсуствува од теренот до почетокот на следната сезона.
Каталонците веруваат дека ќе мора да донесат одредена замена за него на зима.
Средниот ред сега останува само на триото Де Јонг, Гундоган, Педри, а сѐ уште се чека враќањето на закрепнатиот Холанѓанец кој треба да добие зелено светло пред викендот.
Резерви се Фермин Лопез, Ориел Ромеу и Серхи Роберто кои се мачат со повреди, па тоа јасно покажува дека Барса ќе мора да донесе играч од средниот ред во зимскиот преоден рок.
Според последните информации, тоа би можел да биде, Џовани Ло Селсо.
Аргентинецот беше на листата на желби на Чави и летово, но Тотенхем побара премногу пари, па Барса се откажа. Сега ситуацијата е поинаква, бидејќи Ло Селсо е незадоволен од фактот што е во втор план дури и кога Тотенхем е десеткуван од повреди.
Ло Селсо би дошол на позајмица до крајот на сезоната, што изгледа како најдобра опција за него, за да се подготви и наметне за Копа Америка следното лето.
Сезонава одигра само четири натпревари и на теренот мина само 83 минути, па јасно е дека би можел да побара од Тотенхем да замине на позајмица во Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













