Connect with us

Барса ја освои „Месталја“ (ВИДЕО)

Барселона оствари важна победа (2-3) на гости против Валенсија и ја продолжува трката за шампионската титула во Ла Лига. Тимот на Роналд Куман се врати во победнички ритам по неочекуваниот пораз од Гранада на домашен терен.

Валенсија поведе со голот на Габриел Паулиста во 50.минута, но Меси израмни седум минути од втор обид откако не реализира пенал. Антоан Гризман во 63.минута се погрижи за пресврт, а Меси со прекрасно изведен слободен удар зголеми на 1-3.

Валенсија преку Солер намали на 2-3, но немаше сили да стигне до реми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови