Connect with us

Барса испорача четири парчиња за Осасуна (ВИДЕО)

Барселона оствари нов убедлив триумф во Ла Лига откако на „Камп Ноу“ ја совлада Осасуна со 4-0. Се беше решено веќе по првото полувреме.


Кталонскиот тим поведе веќе во 14.минута, кога од пенал реализираше Феран Торес. Тој седум минути подоцна зголеми и на 2-0, а третиот гол беше дело на Пјер-Емерик Обамејанг.


Во второто полувреме во листата на стрелците се запиша и Рики Пуиг во 75.минута.


По овој триумф, Барселона се искачи на третата позиција на табелата со 51 бод, пет помалку од второпласираната Севилја, но и еден одигран меч помалку.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови