Барселона и Манчестер Сити би можеле да направат голема размена во летниот преоден рок. Шпанските медиуми откриваат дека Барса е сериозно заинтересирана за новопечениот шпански репрезентативец Ејмерик Лапорт. Гвардиола би се согласил тој да замине, ама ако го добие Серхи Роберто.
Во време кога клубовите се борат со финансиски проблеми, Барселона и Манчестер Сити се на добар пат да најдат идеално решение за да станат посилни. Добрите односи меѓу претседателот на каталонскиот клуб, Хоан Лапорта, спортскиот директор на „граѓаните“, Чики Бегиристаин и тренерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола, може да доведат до соработка.
После неколку разочарувачки сезони и бројни промени, Барселона се обидува да се засили во секоја линија од тимот, а се чини дека главен проблем беше одбраната. Пристигна Ерик Гарсија, но Роналд Куман би сакал да го има и Ејмерик Лапорт. Се разбира, тука се и Жерар Пике и Клемон Ленгле, како и младите Роналд Араухо и Оскар Мингеза. Најверојатно дека Самуел Умтити ќе замине од „Камп Ноу“.
Пеп Гвардиола секогаш бара други решенија за средниот ред, а смета дека Серхи Роберто одлично би се вклопил во неговите планови.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












