Раководството на Барселона активно ги истражува можностите на трансферниот пазар за слободни голмани по повредата на Марк-Андре тер Штеген, кој ќе отсуствува околу осум месеци. И покрај победата со 1-5 на гости против Виљареал, загубата на Тер Штеген е сериозен удар за тимот.
Трансферниот пазар е затворен, па каталонците можат да привлечат само слободни агенти. Резервниот голман Ињаки Пења во моментов е единствената опција за Ханси Флик.
Меѓу потенцијалните слободни агенти што се разгледуваат, се Кејлор Навас, Жорди Масип, Едгар Бадиа, Јиржи Павленка и Лорис Кариус.
Војчех Шчесни, кој неодамна замина од Јувентус и ја заврши кариерата, исто така е меѓу опциите. Интересно е што Давид де Хеа, кој исто така беше слободен агент, неодамна потпиша со Фиорентина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













