Connect with us

Барела не потпишува нов договор со Интер

Проблеми во најава за италијанскиот првак Интер. Еден од најдобрите фудбалери во тимот, Николо Барела, одби да потпише нов договор со „нероаѕурите“. Како што пренесува „Кориере дело спорт“, раководството и фудбалерот се далеку од договор.


Барела е номиниран за „Златната топка“, игра фантастично и за Интер и за италијанската репрезентација, а неговиот агент за обнова на соработката бара 6 милиони евра по сезона. Засега „нероаѕурите“ нудат 4,5 милиони европски банкноти.

Атлетико Мадрид и Пари Сен Жермен веднаш се активираа и подготвени се да ги исполнат условите за да го купат од Интер.

Барела досега одигра 96 натпревари за тимот од „Џузепе Меаца“, постигна осум гола и запиша 26 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови