По повеќе од еден месец од повредата повреди на натпреварот против Романија во Скопје, Енис Барди се врати во Леванте и го одработи комплетен тренинг.
„Леванте продолжува со подготовката за натпреварот со Севиља и добра вест е враќањето на тренинзите на Енис Барди кој ја надмина повредата на бутниот мускул“, објавија од Леванте.
Барди од натпреварот со Романија не тренираше, а пред десетина да тренира индивидуално, меѓутоа од вчера и заедно со соиграчите. Поради повредата Барди ги прескокна натпреварите со Лихтенштајн на гости и Германија дома. Враќањето на Барди секако е добра вест за националниот тим пред двата последни натпревари во квалификациите за СП закажани за средината на ноември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













