Connect with us

Барди: Трабзон не се откажува од трката за титулата

Македонскиот репрезентативец Енис Барди истакна дека е среќен поради триумфот на својот тим Трабзонспор во дербито против Фенербахче (2-0). Тој влезе во игра во второто полувреме, а Трабзон по триумфот се врати во трката за титулата во Турција.


„Среќни сме поради победата над првопласираниот тим на табелата. Нашата цел е да победуваме на секој меч и ќе се бориме за титулата до крајот. Знаеме дека ќе биде тешко и дека има огромна конкуренција, но не се откажуваме од нашите цели. Трабзон е подготвен за борба“, изјави Енис Барди.

Турските медиуми најавуваат дека Барди можеби ќе замине од Транбзонспор оваа зима, но засега македонскиот репрезентативец не се оптоварува со таквите шпекулации.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови