
Македонскиот репрезентативец Енис Барди дебитираше со два постигнати гола во првенството на Турција, но и пораз за Трабзонспор (2-5) на гости од Анталијаспор.
Одличниот играч за врска доби шанса пред крајот на првото полувреме, постигна два гола за израмнување, но одбраната на Трабзонспор беше очајна во финишот од натпреварот.
„Среќен сум што на првиот меч во Турција дадов голови, но тажно е што загубивме. Тимот е сепак најважен. Има многу работи кои можеме да ги научиме од овој меч, ова е само почеток на сезоната. Резултатот дефинитивно не е тој што го очекувавме од натпреварот“, изјави македонскиот репрезентативец за турските медиуми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
