
Македонскиот репрезентативец Енис Барди сè уште се нема опоравено од повредата со која се здоби во ремито од 0-0 против Романија во квалификациите од Европското првенство во септември. Тогаш, тој се здоби со повреда на мускулот и поради тоа, беше заменет токму на истекот на регуларното време.
Како резултат на оваа повреда, Барди ги пропушти сите пет натпревари на Леванте во новата сезона од Ла Лига, а неизвесно е и кога ќе може да се врати на терените. Последните информации кои доаѓаат од Шпанија, велат дека вчера, фудбалерот од средниот ред, учествувал во првиот дел од тренингот на Леванте, но потоа продолжил со индивидуални вежби, како и досега.
Македонија беше видно ослабена без неговиот придонес во средниот ред, при што на двата кфалификациски натпревари овој месец, издвои една победа и еден пораз. Сепак, останува да се види дали Барди ќе биде достапен за следниот круг на репрезентативни натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal