Трабзонспор и Енис Барди се елиминирани од Европа откако загубија од Сент Гален на пенали, во пллејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига. Првиот меч заврши 0-0, а вечерва во Турција беше 1-1.
При пеналите, Савиќ не успеа да погоди за Трабзонспор во петтата серија. Енис Барди го одигра првото полувреме на овој меч и беше заменет.
Дарко Чурлинов играше до 67. минута за Јагиелонија во поразот на гостувањето кај Ајакс од 3-0. Холандскиот тим победи и на првиот меч во Полска со 4-1.
Егзон Бејтулаи беше дел од тимот на Дрита кој загуби од Легија Варшава со 1-0. Полскиот тим имаше два гола предност и од првиот меч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













