Македонскиот репрезентативец Енис Барди и по десет дена во изолација се уште е позитивен на Ковид-19. И денешниот ПЦР – тест покажа дека Барди се уште има знаци на коронавирусот во организмот иако нема никакви симптоми.
Според протоколот на УЕФА, Барди ја заврши десетдневната изолација и ќе може да почне со индивидуални тренинзи под строг надзор. Сепак, не смее да им се приклучи на соиграчите и ќе остане изолиран се додека не добие негативен ПЦР – тест.
Македонската фудбалска репрезентација на 8 јуни патува за Букурешт и сите се надеваат дека дотогаш ќе успее да добие негативен тест на коронавирусот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski