Connect with us

Барди го најави дербито на Валенсија: Ова е град што мотивира (ВИДЕО)

Леванте и Валенсија утревечер ќе ја имаат градската пресметка во Ла Лига, а македонскиот репрезентативец Енис Барди ја најави на посебен начин, раскажувајќи за убавината на животот во Валенсија. „Десетката“ на Леванте веќе четврта година живее во Валенсија, има верен другар во кучето со кое често ужива шетајќи на прекрасната градска плажа.

„Ова е град што мотивира. Четврта година живеам во Валенсија, животот е прекрасен, нуди многу можности, а и фудбалот е страст што плени да се заљубите во овој град. Верувам дека утрешното дерби ќе донесе нова возбуда иако за жал ќе ги нема навивачите на трибините“, вели Енис Барди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови