Connect with us

Барди: Фокусирани сме на нашата игра, со тимски дух до победа

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) и гостува на Ерменија во Ереван во претпоследниот натпревар од квалификациите за СП 2022 во Катар. Играчот за врска Енис Барди се врати во националниот тим откако ја надмина повредата и се надева дека со тимска игра Македонија може да оствари успех.


„Најважно е ние да сме фокусирани на нашата игра. Ова е важен меч за нас и за Ерменците. Ќе треба да одиграме тимски, сите заедно да влеземе храбро и да се потрудиме да го дадеме максимумот. Со Ерменците добро се познаваме, но секој натпревар си носи нешто ново. Мислам дека Македонија покажа многу и во изминатиот период и секако дека размислуваме за нешто добро во пресрет на утрешниот меч“, изјави Енис Барди.

Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија е закажан за утре, со почеток 18 часот, на Националниот стадион во Ереван.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови