
На ред се трите бараж натпревари за пополнување на Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2025/26. Победниците од денешните пресметки ќе обезбедат место меѓу второлигашите следната сезона.
Најголемо внимание привлекува натпреварот во Кавадарци, каде ќе се соочат Осогово од Кочани и Шкендија Арачиново. Осогово ја заврши сезоната на 14. позиција во ВМФЛ, додека Шкендија е шампион на Северната регионална лига и ќе се обиде да стигне до второлигашкото друштво.
Во Скопје ќе се одиграат преостанатите два дуела. Преспа од Ресен ќе се сретне со Слога Виница на теренот на ФФМ, а на стадионот во Ѓорче Петров ќе се судрат Големо Коњари и поранешниот прволигаш Тетекс.
Според пропозициите на ФФМ, во случај натпреварите да завршат нерешено по 90 минути, нема да се играат продолженија – веднаш ќе се премине на изведување на пенали за добивање на победникот.
БАРАЖ НАТПРЕВАРИ (24 мај, 17 часот)
Кавадарци: Осогово – Шкендија Арачиново
Скопје (ФФМ): Преспа – Слога Виница
Скопје (Ѓорче Петров): Големо Коњари – Тетекс

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
