
Посмртните останки на кралот на фудбалот Пеле би можеле да бидат ексхумирани поради спор за татковство. Причината e 60-годишна жена која тврди дека е ќерка на фудбалската легенда, информираат бразилските медиуми.
Марија до Сокоро Азеведо најмила адвокат за да се справи со властите речиси пет години по поднесувањето на тужбата за татковство.
Се шпекулираше дека Пеле се согласил на ДНК тест за време на неговиот живот за да ја докаже вистината. Меѓутоа, пред неговата смрт, такво истражување никогаш не било направено.
Самиот Пеле официјално го призна татковството на седум деца, на кои остави во аманет 60 отсто од наследството.
30 проценти одат кај неговата сопруга Марика Аоки, а останатите 10 проценти кај неговите внуци.
Интересно, тужителката, Марија до Сокоро Азеведо, тврди дека не сака дел од наследството на Пеле, кое се проценува на 78 милиони долари. Таа само сака вистината да излезе на виделина и тврди дека нејзината покојна мајка никогаш не му кажала на Пеле дека е бремена со нивното дете по аферата во Сао Луис во бразилската држава Маранао.
Фудбалската легенда, кој почина на 82-годишна возраст на 29 декември 2022 година во болница во Сао Паоло по долга борба со тумор на дебелото црево, ја призна можноста да има уште едно дете во тестаментот.
Сега сѐ е во рацете на судот да се произнесе по барањето за ексхумација. Адвокатот на семејството на Пеле, Аугусто Милиоли, сепак побрза да каже дека неговото семејство ќе ја оспори секоја таква наредба што ќе го оцрни сеќавањето на фудбалската легенда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
