Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели е на прагот на враќање во Серија А. 33-годишниот напаѓач моментно настапува за турскиот тим Адана Демирспор, но би можел да се пресели во Салернитана.
Според информациите на „ТутоСалернитана“, луѓето од спортскиот дел успеале да ги убедат газдите од бордот на директори дека Балотели ќе биде корисен за тимот. Поранешниот играч на Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул.., е подготвен да му се придружи на каллочигашот веќе следната недела.
Марио Балотели има пет настапи за својата турска екипа од почетокот на сезоната и постигна три гола. Тој неодамна изрази желба повторно да биде италијански репрезентативец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













