Муарем Бајрами доби шанса на кормилото на Македонија ЃП и го препороди тимот. „Лавовите“ обезбедија место во завршницата на Купот, а и во првенството играат се подобро. На домашен терен во минатото коло ја совладаа Академија Пандев со 4-1. Тренерот вели дека сите заслуги одат на адреса на фудбалерите.
„Најзаслужни за овој успех се играчите. Тие го исполнуваат сето она коа им се дава како задача. Знаат што бараме и тоа на терен максимално го исполнуваат. Навистина сум задоволен од нивното залагање, од нивниот придонес на теренот, а и самите резултати делуваат мотивирачки. Се искачивме на табелата, поминавме понатаму во Купот, и во тој стил да продолжиме и во последното коло од есенскиот дел, а потоа да одиме на заслужен одмор“, изјави шефот на стручниот штаб на Македонија ЃП, Муарем Бајрами.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













