Грузија е дебитант на ЕВРО 2024, но фудбалската бајка за оваа земја трае затоа што Квича Кварацкелија и другарите се пласираа во осминафиналето откако ја победи Португалија со 2-0. Ќе патуваат како третопласирана селекција од групата Ф.
Кварацкелија го најави изненадувањето со голот во втората минута, а триумфот над Португалците го потврди Георгес Микаутадзе од пенал во 57.минута. За него е тоа трет гол на Европското првенство.
Португалија и со овој пораз сепак е првопласирана селекција во групата.
Турција ја совлада Чешка со 2-1 и ја испрати дома. Хакан Чалханоглу ја доведе својата репрезентација во водство во 51.минута, а израмни Томаш Соучек во 66.минута. Во финишот, Ченк Тосун постигна победнички гол во 94.минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













