
Баерн Минхен официјално соопшти дека Алфонсо Дејвис и Кингсли Коман заработиле повреди за време на вчерашната победа против Хајденхајм (4-2) во Бундес-лигата. Канадскиот репрезентативец одигра цел натпревар, додека францускиот интернационалец влезе во игра во последните дваесетина минути.
„Алфонсо Дејвис и Кингсли Коман добија мускулни повреди за време на натпреварот против Хајденхајм. Брзо опоравување, момци“, објави Баерн на социјалните мрежи.
Според извештаите од Германија, двајцата играчи ќе ги пропуштат последните три натпревари на Баерн за оваа година: дуелот против Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите, гостувањето кај Мајнц и домашниот натпревар против Лајпциг.
Овие повреди претставуваат дополнителен проблем за тренерот на Баерн, Венсан Компани, кој веќе не може да смета на неколку клучни играчи поради повреди, вклучувајќи ги Мануел Нојер, Хари Кејн, Серж Гнабри, Жоао Палиња, Хироки Ито и Јосип Станишиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
