Баерн Минхен започна преговори со агентите на Ибрахим Конате, стоперот на Ливерпул, за можен трансфер на крајот од тековната сезона.
Францускиот дефанзивец е цел на Баерн подолго време, бидејќи клубот планира да ги освежи редовите во текот на летниот трансфер период. Поради тоа што неговиот договор со Ливерпул истекува следното лето, Конате станува исклучително привлечна опција, бидејќи може да се доведе без плаќање на отштета.
Еден од главните фактори за интересот на Баерн е искуството на Конате во германското првенство. Иако моментно е играч на Ливерпул, тој претходно настапуваше за Лајпциг, каде се наметна како квалитетен дефанзивец.
Конате привлекува внимание и од други големи клубови како Реал Мадрид, ПСЖ и Барселона, а постои можност веќе во јануари да потпише преддоговор со некој од нив.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













