
Баерн Минхен ја оствари својата 14. победа во тековната сезона на Бундес-лигата, победувајќи го Волфсбург со 3-2 на „Алијанц Арена“. Со оваа победа, Баерн има предност од седум бодови пред Баер Леверкузен, иако има одиграно натпревар повеќе.
Леон Горецка го отвори резултатот за Баерн во 20. минута, но Волфсбург брзо одговори преку Амура, кој израмни во 24. минута. До крајот на првото полувреме, Баерн повторно поведе благодарение на голот на Олисе во 39. минута.
Во вториот дел, Горецка постигна уште еден гол за Баерн, додека Амура со својот втор гол го намали резултатот, кој остана конечен 3-2.
Во драматичен натпревар, Лајпциг пропушти водство од 0-3 против Бохум. Орбан, Муса и Баумгартнер погодија за Лајпциг во првото полувреме, но во второто, Бохум се врати во игра со хет-трик на Мајрон Боаду, израмнувајќи на 3-3.
Штутгарт убедливо го совлада Фрајбург со 4-0, Хофенхајм славеше на гости против Холштајн Кил со 1-3, а Сент Паули победи на гостувањето со 0-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
