Connect with us

Баерн повторно размислува за ангажман на Боатенг

Холандскиот интернационалец Матијс де Лихт ќе паузира околу шест седмици, па германскиот првак Баерн Минхен повторно ја разгледува опцијата за ангажман на Џером Боатенг како слободен агент.


Според информациите, Боатенг веќе се приклучил на тренинзите со вториот тим на Баерн. Томас Тухел лично е заинтересиран за потпишување на краткорочен договор со германскиот дефанзивец. Еден од аргументите во прилог на потписот на 35-годишниот дефанзивец е неговата одлична физичка форма.

Минатиот месец Баварците ја разгледуваа опцијата да го доведат Боатенг, но се откажаа од идејата. Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес, изјави дека не гледа смисла да го потпише играчот бидејќи има уште малку време до отворањето на зимскиот преоден рок. Клубот беше критикуван и поради фактот што Боатенг е тужен од неговата поранешна девојка за физички напад и злоупотреба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови