Connect with us

Баерн поразен во Менхенгладбах, триумфи за Фрајбург и за Лајпциг (ВИДЕО)

Германскиот првак Баерн Минхен го доживеа вториот пораз оваа сезона во Бундес-лигата откако загуби со 3-2 на гости кај Борусија Менхенгладбах. Тоа е шанса за Унион Берлин и за Борусија Дортмунд да одговорат на предизвикот.

Дајот Упамекано по само десетина минути го остави Баерн со десетмина откако доби црвен картон, а Штиндл тоа го искористи во 13.минута. Баерн израмни преку Чупо Мотинг до полувремето.

Хофман донесе нова предност за домаќинот, а Маркус Турам зголеми на 3-1 во 84.минута. Баерн успеа само да намали во судиското продолжение со голот на младиот Матис Тел.

Фрајбург славеше на гости со 0-2 против Бохум, додека Лајпциг беше уште поубедлив (0-3) на гостувањето против Волфсбург. Форсберг, Лајмер и Шобошлаи беа стрелци на головите за Лајпциг.

Штутгарт го победи Келн со 3-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови