Марк Гехи беше едно од најпосакуваните имиња на летниот трансфер-пазар. Многу клубови го посакуваа капитенот на Кристал Палас, а Ливерпул беше на чекор да го доведе, сè додека во последен момент трансферот не пропадна. Договорот на англискиот дефанзивец истекува следното лето, а покрај Ливерпул и Реал Мадрид, кои веќе беа поврзувани со него, во трката влезе и Баерн Минхен.
Според информациите на „Скај Спорт Германија“, можноста Гехи да се пресели во Минхен станува сè пореална. Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, наводно веќе се сретнал со претставници на фудбалерот за да го обезбеди неговиот бесплатен трансфер идното лето, бидејќи договорот со Кристал Палас истекува, а менаџерот Оливер Гласнер потврди дека Гехи нема намера да го продолжи договорот.
Интересот на Баерн може дополнително да се засили ако Дајот Упамекано не потпише нов договор со клубот. И францускиот дефанзивец, исто како и Гехи, има договор што истекува следното лето, а Реал Мадрид исто така покажува интерес за него.
Се споменува и дека Ким Мин-Јае би можел да го напушти клубот, па Баерн веќе ги разгледува опциите за засилување на централната одбрана, меѓу кои, покрај Гехи, е и Нико Шлотербек од Борусија Дортмунд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роберт Просинечки е нов селектор на Киргистан
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Евро-фудбал
Баерн се мачеше, но го победи Спортинг (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













