Баерн Минхен будно ги следи настапите на голгетерот на Лил, Џонатан Дејвид. 23-годишниот Канаѓанец има уште една одлична сезона за францускиот клуб и тоа не остана незабележано од Баварците кои се заинтересирани за негов ангажман, открива „Скај Германија“.
Не е тајна дека на „Алијанц арена“ очајно е потребен напаѓач кој ќе ја пополни дупката по заминувањето на Роберт Левандовски. Токму поради оваа причина Германците го свртеа своето внимание кон Џонатан Дејвид, кој покажа сериозен потенцијал и доследност во настапите.
Напаѓачот има 54 гола и девет асистенции во 129 настапи за Лил, што беше клучно за освојувањето на титулата на клубот во сезоната 2020/21.
Се чини дека битката за потписот на Дејвид ќе биде многу сериозна. Покрај Баерн, за него се интересираат и Арсенал, Манчестер Јунајтед, Челси, Ливерпул, Милан, Интер и Лајпциг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













