Connect with us

Баерн Минхен тргнува по Бруно Фернандеш

Германскиот гигант Баерн Минхен оваа сезона остана без ниту еден трофеј, па раководството на клубот се вклучи во потрага по нов тренер и по нови засилувања. Една од главните цели е Бруно Фернандеш, португалскиот интернационалец кој е член на Манчестер Јунајтед. За него се говори дека сака да го напушти „Олд Трафорд“.


Тимот кој од клупата го предводи Ерик Тен Хаг е на осмото место на табелата, а како што стојат работите Манчестер Јунајтед во следната сезона би можел да остане без Европа. Одамна е јасно дека нема да игра во Лигата на шампионите, па ѕвездите сакаат да си заминат и да бидат дел од елитното европско клупско натпреварување.

За Бруно Фернандеш голем интерес покажала Барселона, но и два клуба од Саудиска Арабија, Ал-Хилал и Ал-Итихад.

Сепак, засега Баерн Минхен е најсериозна опција за Португалецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови