Баерн Минхен ја достави последната понуда за Алфонсо Дејвис, која е слична на онаа од крајот на минатата сезона, објавува „Скај Германија“. Договорот на канадскиот фудбалер истекува на крајот од сезоната, што му овозможува да преговара со други клубови.
Понудата на баварците е вредна 15 милиони евра по сезона, плус бонуси, а договорот би траел до летото 2029 година.
Левиот бек сè уште нема донесено конечна одлука за својата иднина, но на „Алијанц Арена“ се надеваат дека овојпат ќе успеат да го убедат да го продолжи договорот. Во моментов, агентот на дефанзивецот, Ник Хоус, се наоѓа во Минхен за да води завршни преговори со Баерн.
Интерес за Алфонсо Дејвис покажува и Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по потписот на Марк Гехи













