
Баерн Минхен планира да испрати понуда за Флоријан Вирц по завршувањето на сезоната, тврди „Билд“. Баварците сакаат да го спојат тандемот на играчот за врска на Баер Леверкузен и Џамал Мусијала од националниот тим и на „Алијанц Арена“.
Се очекува Баерн да се соочи со сериозна конкуренција за потписот на Вирц од клубови како Реал Мадрид, Манчестер Сити и Арсенал. „Топчиите“ го следат офанзивниот играч од средниот ред уште од времето кога играше за младинскиот тим на Келн.
Според извори од Германија, Реал Мадрид е фаворит за потписот на Флоријан Вирц. Самиот Вирц изразил желба да се приклучи на клуб кој има реални шанси да ја освои Лигата на шампионите, што ќе му даде можност да се бори за „Златната топка“.
Баер Леверкузен постави цена од 150 милиони евра за германскиот репрезентативец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
