Connect with us

Баерн Минхен го претстави Ким Мин-Јае

Баерн Минхен официјално го објави потписот на Ким Мин-Јае од Наполи. 26-годишниот Кореец веќе потпиша петгодишен договор со Баварците.


Баерн на Наполи му ја плати откупната клаузула за Ким во висина од 50 милиони евра. Тој ќе го носи дресот со број „3“.


„Баерн Минхен е сон на секој фудбалер. Навистина се радувам на сето она што ме чека во Минхен. За мене тоа значи нов почеток, ќе продолжам да се развивам овде. Во разговорите со клубот уште на почетокот ми стана јасно колкав интерес има за мене. Мојата прва цел е да играм многу натпревари. Исто така сакам да освојам што повеќе титули“, изјави Ким Мин-Јае.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови