
Германскиот шампион Баерн Минхен го комплетираше вториот трансфер од Ајакс ова лето. На „Алијанц арена“ доаѓа Рајан Гравенберх од Ајакс. Тој потпиша петгодишен договор, а ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
„Баерн е голем клуб. Мислам дека кога си тука, мора да освојуваш трофеи во најквалитетните натпреварувања. Токму тоа очекувам да се случи. Многу сум среќен што сум во Минхен“, изјави 20-годишниот централен играч за врска.
Баварците за Гравенберх ќе платат 19 + 5,5 милиони евра. Покрај тоа, Ајакс ќе добие 7,5% од следната продажба.
Пред неколку недели, Баерн Минхен потпиша и со бекот Нусаир Мазрауи, кој дојде од Ајакс како слободен агент.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal