
Ѕвездата на новиот германски шампион Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е една од најголемите трансферни желби на Баерн Минхен. Раководството на Баварците посакува да го купи офанзивниот играч за врска и нема да штеди пари за таков трансфер, пишува „Кикер“.
На „Алијанц Арена“ се подготвени да потрошат многу пари за да го имаат 20-годишниот фудбалер во својот состав. Баерн е подготвен да дејствува веднаш и да го доведе Вирц ова лето, но тој најави дека најверојатно ќе остане во Леверкузен и следната сезона и ќе ја промени клупската припадност во летото 2025 година.
Баерн сака да го комбинира Флоријан Вирц со Џамал Мусијала. Двајцата важат за најголемите таленти во Германија и даваат големи надежи за успех и на Бундестимот на претстојното Европско првенство.
Договорот на Вирц со Баер Леверкузен е до летото 2027 година. Неговата вредност се проценува на над 100 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
