
Баерн Минхен се надева да продаде барем четворица од своите фудбалери во летниот преоден рок, пишува „Билд“. Баварците сакаат да обезбедат свежи средства за нови засилувања, но прво треба да се разделат со дел од сегашните играчи.
Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, ќе се обиде да ги убеди Серж Гнабри, Леон Горецка и Кингсли Коман да прејдат во други клубови. Додека Французинот е отворен за разделба, двајцата Германци, во моментов, сакаат да ги исполнат договорите до летото 2026 година.
На „Алијанц Арена“ се надеваат дека Тотенхем ќе ја активира откупната клаузула на Матис Тел, која изнесува околу 60 милиони евра. Французинот е позајмен до крајот на сезоната во лондонскиот клуб во последниот ден од трансферниот прозорец за 10 милиони евра.
Баерн веќе го обезбеди ангажманот на играчот на Хофенхајм, Том Бишоф. 19-годишниот фудбалер доаѓа како слободен агент. Клубот има интерес и за напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, чиј договор истекува на крајот на сезоната.
Баварците сакаат да се засилат и со крилен напаѓач и централен дефанзивец. Меѓу опциите за нови фудбалери на крилниот напаѓач Џејми Биноа-Гитенс од Борусија Дортмунд и Кристофер Нкунку од Челси. За засилување во срцето на одбраната, опции се Осман Диоманде од Спортинг Лисабон и Кристијан Москера од Валенсија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона има четири опции за нов офанзивец

Млади репрезентации
Македонија У21 поразена од Белорусија на тестот во Анталија
