Германскиот првак Баерн Минхен ќе го продаде Роберт Левандовски следното лето доколку не потпише нов договор, пренесува „Билд“. Полскиот интернационалец има договор со Баерн на уште 18 месеци, а потоа би можел да замине како слободен играч. Баварците сакаат да го спречат тоа, па се подготвени да го продадат следното лето доколку не успеат да се договорат за продолжување на соработката.
Левандовски одреден период најавува дека можеби му е потребен нов предизвик и дека не би имал ништо против да се испроба во Ла Лига или во Премиер – лигата, а Баерн Минхен не сака да ја загуби вредноста во него и сигурно би го продал ако не потпише нов договор.
Доколку Левандовски одлучи да замине, а во минатото се поврзуваше со можен трансфер во Реал Мадрид, тогаш Баерн Минхен следното лето сигурно ќе се впушти жестоко во трката за Ерлинг Халанд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













