Connect with us

Баерн ја пронајде замената за Џошуа Кимих

Шпекулациите за трансфер на Џошуа Кимих се засилуваат со секој изминат ден, но медиумите во Шпанија тврдат дека Баерн Минхен веќе има подготвена замена.


Баварците ги следат настапите на Мартин Зубименди и се импресионирани од квалитетите на играчот од средниот ред на Реал Сосиедад. Тој е најавен како нов Серхио Бускетс во шпанскиот национален тим.

Борбата за неговиот потпис сепак ќе биде жестока бидејќи интерес појавуваат и други врвни клубови. За Зубименди се интересираат и Манчестер Сити, Арсенал, Барселона и Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови